7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар не успеа, Киелце ќе игра на завршниот турнир

Вардар не успеа, Киелце ќе игра на завршниот турнир

mkd-188895

Вардар не успеа да се пласира на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, откако во неделата загуби од Киелце со 33:31. Полскиот тим победи и на првиот меч во Скопје со 22:20 и со две победи над ‘црвено црните’ го избори своето второ учество на завршниот турнир.

Вардар во Полска имаше но не успеа да ги искористи шансите за да стигне до победата. Киелце во средината од првото полувреме создаде предност од три гола (11:8), но Вардар набрзина се врати во мечот.

На стартот од второто полувреме Киелце одново се успеа да се ‘одлепи’ на три гола од противникот, но одново Вардар експресно се врати во натпреварот.

Во последните десет минути македонскиот преставник три пати имаше можност да премине во водство но ниту една од тие шанси не беше искористена што искусниот тим на Киелце успеа да го искорсити и да победи.

Покрај лошата реализиција во последните десет минути, Вардар пораз го чинеше и лошата игра со играч повеќе на теренот, Киелце со човек помалку успеа да постигне шест гола.

Бјелицики со осум, Јурецки со шест и Зорман со пет гола го предводеа Киелце, додека кај Вардар Душебаев постигна девет, Карачиќ седум, а Горбок пет гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП