19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелпс се врати со победа

Фелпс се врати со победа

felp3

Мајкл Фелпс триумфално се врати на пливачките патеки по шестмесечната суспензија, откако победи на трката на 100 метри пеперутка на митингот во Феникс.

Фелпс (29) кој има освоено рекордни 18 златни медали на олимписките игри, победи со време од 52.38 секунди. Тој зад себе го остави својот најголем ривал Рајан Лохте (53.11).

Американската пливачка федерација, во октомври, го суспендираше Фелпс на шест месеци, откако тој беше уапсен поради возење на автомобил во алкохолизирана состојба. Покрај суспензијата Фелпс доби забрана и за настап на Светското првенство кое летово ќе се одржи во Казањ.

Времето кое го постигна Фелпс не е меѓу најдобрите десет ова сезона, но тој се надева дека постепено ќе ја крева својата форма, а главна цел му се ОИ во Рио наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП