21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаониќ го предаде четвртфиналето во Монте Карло

Раониќ го предаде четвртфиналето во Монте Карло

berdych-raonic

Канаѓанецот Милош Раониќ го заврши настапот на Мастерсот во Монте Карло во четвртфиналето.

Раониќ поради повреда на стапалото мораше да му го предаде мечот на Томаш Бердих, кој до тој момент имаше предност од 5:2 во првиот сет.

„Чувствувам болка, не можам да се движам“, им рекол на медицинскиот тајм аут на лекарите канадскиот играч, кои му одговориле дека не можат да му помогнат.

Бердих третпат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Монтекарло, во 2007 загуби од Надал, а во 2012 од Ѓоковиќ.

Чешкиот тенисер за пласман во финалето ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Григор Димитров и Гаел Монфилс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП