6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогледнете кој може да го замени Анчелоти, ако го напушти Реал

Погледнете кој може да го замени Анчелоти, ако го напушти Реал

lopotegi 22

Карло Анчелоти може да го напушти Реал Мадрид. Италијанецот се уште не е го обнови договорот, а најверојатно се чека претставувањето на тимот до крајот на сезоната. Доколку бидат елиминирани од Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите (0:0 во првиот четвртфинален натпревар) сигурно ќе значи дека Анчелоти нема да добие понуда за нов договор.

Според блиски извори до клубот, изданието „AS“ во последните недели издвојува едно име за потенцијален заменик на Италијанецот.

Тоа е Хулен Лопетеги. Тренерот на Порто импресионира со својата работа на чело на „змејовите“, а најелоквентен доказ за напредокот на тимот под негово раководство беше победата над Баерн Минхен со 3:1.

Тој го водел вториот тим на Реал во сезоната 2008/09, а освен тоа некое време беше координатор на скаутскиот оддел на мадриѓани.

Во неговата кариера има европски титули со репрезентацијата на Шпанија до 19 и до 21 година, а на овие првенства беа претставени денешните големи ѕвезди Давид де Геа, Коке, Тиаго Алкантара, Асиер Илараменди, Иско и Алваро Мората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП