6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола ги обвини лекарите за поразот од Порто, тие си поднесоа оставки

Гвардиола ги обвини лекарите за поразот од Порто, тие си поднесоа оставки

dok baern

Докторот на минхенски Баерн Ханс-Вилхем Милер Волфарт по речиси 40 години работа во клубот поднесе оставка. Баерн сезонава има многу повредени играчи, тренерот Гвардиола речиси во ниту еден момент го немаш комплетниот тим на располагање, а како што пишува „Daily Mail“, шпанскиот тренер го посочил докторот како еден од виновниците за поразот од Порто во Лигата на шампионите (3:1).

Инаку 72-годишниот доктор е еден од најпознатите во светот во својата област рекол дека заминува бидејќи била нарушена довербата помеѓу двете страни, а обвинувањата дека тој и неговиот тим се виновни за поразот од Порто ги нарече „необјасниви“.

Покрај Волфарт од Баерн си заминуваат и неговите соработници Питер Уеблакер, Луц Хансел и синот Килиан.

Гвардиола на првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите на располагање имаше само 14 фудбалери, поради повреди надвор од екипата се Робен, Рибери, Алаба, Бенатија, Хави Мартинез и Швајнштајгер.

Според медиумите Гвардиола и Волфарт подолго време имале несогласувања околу начинот на кој се лекуваат фудбалерите, а се започнало од начинот на кој бил третиран Тијаго Алкантара, а сè кулминирало пред две недели на мечот со Баер Леверкузен кога поради повреда во текот на натпреварот Гвардиола бил принуден да го извади од игра Бенатија.

Волфарт во својата кариера има работено со врвни светски спортски меѓу кои се светскиот рекордер во спринт Усеин Болт, тенисерот Борис Бекер и фудбалската репрезентација на Германија.

„Тој е најдобриот лекар на светот. Докторе ти благодарам“, изјавил Усеин Болт на Олимписките игри во Лондон во 2012-та година, кога Волфарт бил дел од неговиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП