4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиер лигата ги објави номинациите за играч на сезоната

Премиер лигата ги објави номинациите за играч на сезоната

hazard-kane-de-gea-sanchez-main

Премиер лигата на Англија ја објави скратената листа на кандидати за играч на годината, на која очекувано се најдоа Еден Азар (Челзи) и Хари Кејн (Тотенхем).

Покрај крилниот напаѓач на Челзи и младата ѕвезда на Тотенхем за престижната награда конкурираат уште и голманот на Манчетсер Јунајтед (Давид Де Хеа), напаѓачот на Арсенал Алексис Санчез и фудбалерот на Ливерпул Филип Кутињо.

Четворица од фудбалерите кои конкурираат за играч на сезоната (Азар, Кејн, Де Хеа, Кутињо) влегоа и во конкуренција за наградата најдобар млад играч. Покрај нив на листата за најдобар млад играч се наоѓаат уште и голманот на Челзи Тибо Куртоа и напаѓачот на Ливерпул Рахим Стерлинг.

Минатата сезона Азар беше прогласен за најдобар млад играч, додека титулата за најдобар фудбалер му припадна на тогашниот фудбалер на Ливерпул Луис Суарез. Без сомнение Белгиецот оваа сезона е првиот фаворит за добивање на ова престижно признание во англискиот фудбал.

Интересно меѓу кандидатите за играч на сезоната нема ниту еден фудбалер на Манчестер Сити иако Серхио Агуеро со 19 постигнати голови се наоѓа на првото место на листата на најдобрите стрелци заедно со Кејн и Диего Коста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП