21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: ЦСКА и Фенербахче на победа од завршниот турнир

Евролига: ЦСКА и Фенербахче на победа од завршниот турнир

cska-moskow

Кошаркарите на ЦСКА Москва и на Фенербахче уште една победа ги дели од пласман на завршниот турнир во Евролигата, откако во четвртфиналните серии поведоа со 2-0 во пресметките со Панатинаикос односно Макаби.

ЦСКА и во вториот меч на домашен терен го декласираше Панатинаикос за предност од 2-0. Во вториот меч рускиот првак славеше со 100-80. Сони Вимс со 19 поени и Андреј Кириленко со 16 беа најефикасни кај победникот.

Слично како и ЦСКА и Фенербахче не дозволи изнендување на свој терен славејќи над актуелниот европски првак Макаби со 82-67. Ендрју Гаудлок со 19 кошеви го предводеше турскиот тим до победата.

Натпреварите број 3 од овоие четвртфинални серии ќе се одиграат в понеделник во Атина односно Тел Авив.

Во петок вторите мечеви од сериите ќе ги одиграат Барселона и Олимпијакос, односно Реал Мадрид и Анадолу Ефес, предност од 1-0 имаат Барселона и Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП