17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Наполи пред пласман во полуфиналето

Лига Европа: Наполи пред пласман во полуфиналето

napoli-celeb-v-wolfsburg_3291550

Фудбалерите на Наполи со една нога се веќе во полуфиналето на Лига Европа, откако во првиот четвртфинален меч славеа во Волфсбург со 4:1. Предност по првите натпревари од четвртфиналето оствари и бранителот на титулата Севилја, со триумфот од 2:1 над Зенит.

Наполи предводен од Марек Хамшик, кој постигна два гола, го декласира Бундеслигашот Волфсбург и го направи формалност реваншот кој наредниот четврток ќе го игра н а домашен терен. Покрај Хамшик стрелци за Наполи беа уште Игуаин и Габијадини, додека почесниот гол за Волфсбург го постигна Бендер.

Севилја, со пресврт во последните 20-тина минути стекна предност над Зенит. Рускиот тим кој во Севилја играше без неколкумина стандардни играчи стигна до водство со голот на Рјазанцев во 27.минута. Од тој момент Севилја започна со жестоки напади и Бака во 73 и Денис Суарез во 88 минута обезбедија победа за бранителот на трофејот.

Динамо и Фиорентина, во Киев одиграа без победник 1:1. Холандскиот интернационалец Ленс погоди за Динамо во 36.минута, а предноста на украинскиот тим ја анулираше Бабакар со голот во 92.минута.

Дуелот помеѓу Клуб Бриж и Дњипро заврши без голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП