22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер: КОНКАКАФ треба да добие уште едно место на СП

Блатер: КОНКАКАФ треба да добие уште едно место на СП

sep-blater-610x400

Претседателот на Меѓународниот фудбалски сојуз (ФИФА) Сеп Блатер изјави дека зоната на Северна и Средна Америка (КОНКАКАФ) мора да добие уште едно директно место за Светското фудбалско првенство.

Зоната на КОНКАКАФ засега има три директни квалификациски места, а четвртопласираната репрезентација мораше да настапи во дополнителни квалификации со селекции од Јужна Америка, Азија и Океанија.

„Според мое мислење, доколку форматот на светското првенство остане на 32 репрезентации, тогаш зоната на КОНКАКАФ мора да добие четири места. На минатото светско првенство репрезентациите од овој регион, Мексико, САД и Костарика покажаа исклучителен квалитет“, рече Блатер, но не појасни кој би загубил едно загарантирано место на СП.

Блатер (79) се натреварува за својот петгодишен мандат на чело на ФИФА, а на конгресот во Цирих на 29 мај ќе има тројца противкандидати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП