15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Вестбрук најдобар стрелец, Пол најдобар асистент

НБА: Вестбрук најдобар стрелец, Пол најдобар асистент

NBA: Phoenix Suns at Oklahoma City Thunder

Бекот на Оклахома Расел Вестбрук со просек од 28,1 поени по натпревар е најдобриот стрелец оваа сезона во НБА лигата. И покрај брилијантните парти на Вестбрук, Оклахома не успеа да се пласира во плејофот.

Вестбрук по повредата на својот соиграч Кевин Дурент ја презеде диригентската палка ја однесе Оклахома до скор од 45 победи и 37 порази, но тоа беше доволно само за деветтото место во Западната конференција.

Второто место на листата на најдобрите стрелци му припадна на Џејмс Харден од Хјустон (просек од 27,4 поени), а трет е Леброн Џејмс од Кливленд (25,3).

Асистентите ги предводи Крис Пол од ЛА Клиперс со просек од 10,2 успешни додавања по натпревар, втор е Џон Вол од Вашингтон (10 асистенции), а трет Тај Лосон од Денвер (9,6).

Соиграчот на Пол, Деандре Џордан е најдобриот скокач оваа сезона, во просек тој бележел по 15 скокови по натпревар, втор е Андре Драмонд од Детроит (13,7), а трет Демаркус Казинс (12,7).

Во останатите категории најдобри оваа сезона се: Каваи Ленард од Сан Антонио е најдобар „крадец“ на топки, Ентони Дејвис од Њу Орлеанс е најдобар блокер, Стефон Кари од Голден Стејт е најдобриот изведувач на слободни фрлања, додека Кајл Корвер од Атланта ја предводи листата на најдобрите шутери за три поени, тој реализирал 49,2 отсто од ударите за три поени, додека најдобар процент на реализација од поле, од 71 отсто има Деамдре Џордан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП