12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонфилс преку Федерер во четвртфиналето на Монте Карло

Монфилс преку Федерер во четвртфиналето на Монте Карло

monfils mk

Роџер Федерер во осминафиналето го заврши своето учество на Мастерсот во Монте Карло. Вториот носител на турнирот во два сета (4:6, 6:7) за еден час и 44 минути загуби од Гаел Монфилс.

Поголемиот број на неизнудени грешки и подобрата реализизација на поените на прв сервис го одредија побеникот на овој меч. Федерер на крајот имаше 22 директни поени колку што имаше и Монфилс, но бројот на неизнудените грешки кај Швајцарецот беше многу поголем 38, или 21 помалку од противникот.

Во ист ден на Мастерсот во Монте Карло се елиминирани минатогодишните финалисти, откако претходно беше елиминиран и сонародникот на Федерер, Станислас Вавринка. Димитров го прегази Вавринка за 55 минути со 6:1, 6:2.

Монфилс и Димитров во меѓусебен дуел ќе се борат за пласман во полуфиналето на овој Мастерс турнир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП