19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДимитров го декласира Вавринка

Димитров го декласира Вавринка

dimitrov 22

Бранителот на титулата на Мастерсот во Монте Карло, Станислас Вавринка доживеа тежок пораз во осминафиналето на турнирот. Швајцарецот загуби од Григор Димитров со 1:6, 2:6.

На бугарскиот тенисер му беа потребни 55 минути за да го декласира Варвинка, кој од понеделник нема да биде во Топ 10 на АТП листата.

Противник на Димитров во четвртфиналето ќе биде победникот од мечот меѓу Роџер Федерер и Гаел Монфилс.

Мастерсот во Монте Карло се игра за награден фонд од 3.288.530 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП