15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити го искушува Иско со огромна плата

Сити го искушува Иско со огромна плата

iki2

Манчестер Сити се подготвува за сериозни промени по завршувањето на актуелната сезона. „Граѓаните“ најверојатно ќе бидат многу активни за време на летниот преоден рок.

Тие ќе се разделат со некои од своите фудбалери, за да можат така да ги привлечат посакуваните играчи и да ја намалат возраста на тимот. Една од најголемите цели на англискиот клуб е фудбалерот на Реал Мадрид Иско Аларкон.

Според информациите „граѓаните“ се подготвени да дадат речиси 70 милиони евра за 22-годишниот фудбалер.

Во исто време од Манчестер Сити се подготвени да му понудат одлични финансиски услови на Иско. Ако тој ја прифати понудата на „небесносините“, ќе добива плата од 8,5 милиони евра.

Во моментов играчот заработува по 5 милиони евра годишно во Реал Мадрид.

Иско има договор со Реал Мадрид до летото 2018-та година. Во него има ослободувачка клаузула која е во износ од 150 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП