18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Бруклин и Њу Орлеанс последни патници во плејофот

НБА: Бруклин и Њу Орлеанс последни патници во плејофот

17508456-mmmain

Во ноќта помеѓу средата и четвртокот заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Конференциските титули ги освоија Голден Стејт на западот и Атланта на истокот, а во последните натпревари пласман во плејофот изборија Бруклин и Њу Орлеанс.

Бруклин во последниот меч од регуларниот дел од сезоната славеше над Орландо со 101:88, а до осмата позиција во Источната конференција стигна благодарение на поразот на Индијана од Мемфис (83:95). Бруклин во првото плејоф коло ќе игра против Атланта.

Во Западната конференција Оклахома славеше кај Минесота со 138:113, но во исто време победа забележа и Њу Орлеанс и тоа против актуелниот првак Сан Антонио (108:103). Расел Вестбрук кој на овој меч постигна 37 поени со елиминацијата на неговиот тим речиси сигурно испадна од конкуренција за МВП наградата.

Резултати: Голден Стејт-Денвер 133:126, ЛА Лејкерс-Сакраменто 99:122, Мемфис-Индијана 95:83, Њујорк-Детроит 90:112, Њу Орлеанс-Сан Антонио 108:103, Филаделфија-Мајами 101:105, Торонто-Шарлот 92:87, Чикаго-Атланта 91:85, Бруклин-Орландо 101:88, Кливленд-Вашингтон 113:108, Далас-Портланд 114:98, Хјустон-Јута 117:91, Милвоки-Бостон 100:105, Минесота-Оклахома 113:138.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП