18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Брејк на Партизан, Будуќност на победа од финалето

АБА: Брејк на Партизан, Будуќност на победа од финалето

14291275721402

Кошаркарите на Будуќност поведоа со 2:0 во полуфиналната серија, во АБА лигата, против Цедевита, додека во белградското дерби Партизан израмни на 1:1 против Црвена ѕвезда.

Будуќност во вториот меч пред своите навивачи славеше над Цедевита со 81:76. Црногорскиот тим мечот го реши на три минути до крајот кога со тројките на капитенот Шеховиќ создаде предност од 10 поени.

Како и во првиот меч Будуќност до победата ја предводеше Савовиќ со 22 поени, додека кај Цедевита најефикасен беше Гордиќ со 17 поени.

Будуќност една победа ја дели од пласманот во финалето и пласман во Евролигата во наредната сезона.

Во второто полуфинале Црвена ѕвезда во драматичен меч загуби од Партизан со 68:70. Партизан водеше во најголениот дел од натпреварот во 26.минута и со 15 поени, а во последните три минути имаше предност од седум поени, но до победата сепак стигна во последните 15 секунди. Најпрвин Милутинов го блокираше Блажич, а потоа Тепиќ од линијата за слободни фрлања г постави конечниот резултат.

Џенкинс со 19 и Вилијамс со 15 поени беа најефикасни кај Црвена ѕвезда, додека Партизан го предводеше Мачван со 14 поени и 17 скокови.

Третите натпревари од полуфиналните серии во кои домаќини ќе бидат Цедевита и Партизан ќе се одиграат вo сабота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП