9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Барса и Порто блиску до полуфиналето

ЛШ: Барса и Порто блиску до полуфиналето

279B725900000578-3040483-image-a-18_1429129570795

Фудбалерите на Барселона и Порто стекнаа предност од два гола во првите четвртфинални натпревари над ПСЖ односно Баерн. Барса славеше во Париз со 3:1, а со истиот резултат Порто го совлада Баерн.

Барселона се прошета низ Париз и само чудо може да ја оддели од полуфиналето. ПСЖ без Ибрахимовиќ и Верати не беше достоен противник за Барселона. На „Паркот на Принцовите“ блескаше Луис Суарез кој постигна два гола во 67. и 79.минута.

Претходно Барселона стигна до водство преку Нејмар во 18.минута, а почесниот гол за ПСЖ беше дело на дефанзивецот на Барселона, Матје.

Порто оваа сезона сеуште нема пораз во Лигата на шампионите, во првиот четвртфинален меч португалскиот тим славеше над фаворизираниот Баерн со 3:1.

Порто максимално ги искористи катастрофалните грешки во дефанзивата на Баерн и забележа значајна победа.

Двоен стрелец беше Кварежма во четвртата минута од пенал и шест минути подоцна кога ја казни грешката на Данте. До крајот на полувремето Тијаго Алкантара постигна гол за Баерн, а конечниот резултат го постигна Џексон Мартинез во 65.минута.

Реванш натпреварите во Барселона и во Минхен ќе се одиграат на 21.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП