28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрбитражната комисија ги усвои жалбите на Работнички и Куманово

Арбитражната комисија ги усвои жалбите на Работнички и Куманово

Image (15)

Арбитражната комисија на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја усвои жалбата на КК Работнички поднесена против одлуката на Комисијата за натпреварување, со која најтрофејниот кошаркарски клуб беше исклучен од натамошно натпреварување, симнат во понизок ранг на натпреварување а натпреварот со КК Карпош Соколи беше регистриран со службена победа за гостинот.

Арбитражната комисија на МКФ ја укина одлуката и предметот го врати на повторно постапување во Комисијата за натпреварување при МКФ, притоа таа да ги има предвид сите позитивни прописи и актите на МКФ, датумот на закажаната супер лига, потребните документи за стекнување на право во истата и сите други факти и околности.

Воедно, Арбитражната комисија смета дека основот за жалба на КК Работнички е основан од причини што статусот на КК Карпош Соколи 2000 и неговото право на настап во суперлига се спорни.

Исто така, Арбитражната комисија ги усвои и жалбите на КК Куманово кои неодиграните мечеви со Карпош Соколи и Кожув ги загубија службено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП