5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед со предност во „борбата“ за Сами Кедира

Јунајтед со предност во „борбата“ за Сами Кедира

sam man utd

Раководството на Манчестер Јунајтед е уверено дека ќе го совлада Ливерпул во борбата помеѓу двата клуба за потписот на Сами Кедира од Реал (Мадрид).

Халфот го напушта „Сантијаго Бернабеу“ на крајот на сезоната како слободен агент, а наддавањата за неговиот потпис се сурови.

Интерес кон Кедира има не само од Англија, но и од Германија. Шалке ќе стори сé за да го привлече, но според „Daily Express“, Јунајтед е пред сите.

Раководството на „црвените ѓаволи“ ќе му предложи договор со неделна плата од 150.000 фунти на германскиот репрезентативец. Подобриот состав и добриот пласман на Јунајтед е исто така важно за Кедира, кој сака да премине во клуб со амбиции за нешто повеќе од достојно претставување во првенството и евротурнирите.

Шест кола пред крајот на шампионатот во Англија, Јунајтед е трет со 65 поени, а Ливерпул е петти со 57. Во германската Бундеслига остануваат осум натпревари, а Шалке е петти со 41 поени или десет зад четвртиот Баер (Леверкузен).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП