
Тренерот на Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.


Тренерот на Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.
„Bild“ пренесува дека Клоп по состанокот со претседателот Ханс-Јоаким Вацке, побарал раскин на договорот кој инаку му истекува во јуни 2018-та година.
Според истиот извор 47-годишниот тренер сезоната ќе ја одработи до крај, а потоа ќе бара нов клуб. Најверојатно Клоп кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига.
Јирген Клоп во Борусија пристигна во 2008-ма година од Мајнц и во својот мандат освои две титули во домашното првенство, а пред две години играше и во финалето во Лигата на шампионите.