18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИлиќ замена за Карабатиќ во Барселона

Илиќ замена за Карабатиќ во Барселона

Férfi kézilabda NB I - MKB-MVM Veszprém - Wisla Plock

Ракометарот на Веспрем, Момир Илиќ, би можел да биде замената за Никола Карабатиќ, доколку францускиот репрезентативец се реши по завршувањето на сезоната да ја напушти Барселона и да се пресели во ПСЖ.

„Вистина е дека постои можност да се преселам во Барселона, но тука не зависи ништо од мене. Доколку клубовите се договорат тогаш е можен трансферот бидејќи мене договорот ме врзува за Веспрем. Каталонците сакаат тригодишен договор“, изјави Илиќ за српскиот весник Спорт.

Илиќ има 33 години, а во кариерата настапувал за Аранѓеловац, Колубара, Фиделинка, Горење, Гумерсбах и Кил. Капитенот на српската репрезентација во 2013-та година од Кил се пресели во Веспрем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП