10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ ја чека Барса, Баерн гостува на „Драгао“

ПСЖ ја чека Барса, Баерн гостува на „Драгао“

psg barca22

ПСЖ и Барселона, односно Порто и Баерн, денеска ќе ги одиграат своите први четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите.

На „Паркот на Принцовите“ во Париз вторпат оваа сезона ќе гостува Барселона. ПСЖ со каталонскиот тим играше и во фазата по групи, на домашен терен победи со 3:2, а во Барселона загуби со 1:3. Воедно ова ќе биде репириза на четвртфиналната пресметка на овие два тима од 2013-та година кога Барса мина во полуфиналето само поради поголемиот број постигнати голови на гостински терен.

Во пресрет на овој натпревар тренерот на ПСЖ, Лоран Блан, се соочува со големи кадровски проблеми: Ибрахимовиќ и Верати се суспендирани, а повредени се Тијаго Мота и Давид Луиз.

Баерн е еден од фаворитите за титулата во ЛШ, но Порто воопшто не е наивен противник. Португалците токму против Баерн во далечната 1987-ма година ја освоија својата прва евопска круна.

Баерн на „Драгао“ во Порто ќе истрча без тројца важни играчи: Робен, Рибери, Швајнштајгер, додека тренерот на Порто се жали на заморорт на неговите играчи.

Дуелите во Париз и во Порто ќе стартуваат во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП