ПочетнаКОМПАНИИФорд ја зголеми продажбата во Европа

Форд ја зголеми продажбата во Европа

ford hibrid mondeo 33

Американскиот производител на автомобили Форд во првиот овогодишен квартал оствари раст на продажбата во Европа, благодарејќи на намалената вработеност на тој континент и падот на цените на енергенсите.

Форд на 20 европски пазари продаде вкупно 335,1 илјада возила, 12,5 отсто повеќе во однос на минатогодишното прво тромесечје, наведува компанијата.

Потпретседателот за продажба на Форд во Европа Питер Флит наведе дека за растот на продажбата, пред сè, е заслужно закрепнувањето на економијата, како и ниските каматни стапки и програмите за економски стимулации, јави The Detroit News.

„Очигледно купувачите имаат повеќе пари на располагање“, рече Флит, наведувајќи дека за тоа се заслужни падот на невработеноста на 9,8 отсто во ЕУ и евтиното гориво.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП