18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИндијана на чекор до плејофот

Индијана на чекор до плејофот

john-wall-george-hill

Кошаркарите на Бостон го обезбедија седмото место во Источната конференција, додека Индијана со триумфот над Вашингтон остана во игра за пласман на осмото место на Истокот. Во последниот од трите мечеви кои се одиграа во НБА лигата ЛА Клиперс со победата над Феникс го обезбедија третото место во Западната конференција.

Индијана дури по две продолженија успеа да го совлада Вашингтон со 99:95. Победникот го решија Хил и Милс кои на стартот од второто продолжение иницираа серија на својот тим од 7:2.

Индијана сега има скор од 38 победи и 43 порази, но за да остане на осмото место на Истокот ќе мора во среда да слави и над Мемфис.

Против Вашингтон најефикасни кај Пејсерси беа Си Џеј Мајлс со 25 поени и 8 скока, односно Џорџ Хил со 24 поени, 10 асистенции и 9 скока.

Возбудлив меч одиграа во Масачусец Бостон и Торонто. Бостон славеше победа (95:93) со поените на Џо Краудер постигнати на 0,8 секунди до истекот на регуларното време. Бостон сезоната ќе ја заврши на седмото место во Источната конференција и во првото плеј оф коло за противник ќе го има тимот на Кливленд.

Клиперси славеа над Феникс (112:101) ја забележаа седмата последовна победа и го обезбедија третото место на Западот, во првото коло од разигрувањето противник најверојатно ќе им биде Мемфис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП