18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Почетна предност за ЦСКА и Фенербахче

Евролига: Почетна предност за ЦСКА и Фенербахче

Untitled

Со натпреварите ЦСКА-Панатинаикос и Фенербахче Улкер-Макаби стратуваа четвртфиналните серии во кошаркарската Евролига. По првите одиграни натпревари со предност се стекнаа екипите на ЦСКА и Фенербахче Улкер.

ЦСКА, во првиот меч од серијата, го декласираше Панатинаикос со 93:66. Теодосиќ со 18 поени и 8 асистенции, односно Николс со 13 поени (без промашување од поле) беа најефикасни во екипата од Москва. Кај Панатинаикос се истакна Папас кој со 16 поени беше најефикасниот играч на натпреварот.

Фенербахче во првиот меч славеше над актуелниот шампион Макаби со 80:72. Весели со 23 поени (11/14 за два) и Бјелица (13 поени, 12 скокови) го предводеа Фенербахче до победата, додека Макаби го имаше најефикасниот играч на мечот во името на Парго кој постигна 25 поени.

Вторите натпревари од сериите на кои домаќини одново ќе бидат ЦСКА и Фенербахче ќе се одиграат в четврток, додека в среда првите мечеви од своите четвртфинални серии ќе ги одиграат Реал и Анадолу Ефес, односно Барселона и Олимпијакос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП