21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Почетна предност за Црвена ѕвезда и Будуќност

АБА: Почетна предност за Црвена ѕвезда и Будуќност

721901549552d6c373499a672064301_640x410

Кошаркарите на Црвена ѕвезда и Будуќност стекнаа предност по првите полуфинални натпревари во регионалната АБА лига откако славеа над Партизан односно Цедевита.

Црвена ѕвезда во дуелот со вечниот ривал Партизан славеше со 73:64, додека Будуќност во драматична завршница триумфираше над Цедевита со 82:81.

Црвена ѕвезда против Партизан го контролираше мечот од почетокот до крајот, мечот го отвори со серија 8:0 и таа предност ја сочува до самиот крај.

Џенкинс со 19 и Калиниќ со 13 поени ја предводеа Црвена ѕвезда, додека кај Партизан се истакнаа Мачван (12 поени, 12 скокови) и Павловиќ (11 поени).

Будуќност во Подгорица ја совлада Цедевита иако екипата од Загреб во најголемиот дел од натпреварот ја имаше предноста на своја страна. Будуќност пресвртот го направи во финишот и стигна до минимална победа.

Савовиќ со 20 и рејнолдс со 17 поени беа најефикасни кај победникот, додека Бабиќ со 14 и Томас со 13 беа најпрецизни во тимот на Цедевита.

Натпреварите број 2 од полуфиналните серии ќе се одиграат веќе во среда, а домаќини одново ќе бидат Црвена ѕвезда и Будуќност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП