2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДенеска ќе се дознае колку е моќна Барса

Денеска ќе се дознае колку е моќна Барса

AC Milan v Barcelona - UEFA Champions League Round of 16

Денеска ќе дознаеме колку навистина вреди играта од соништата на Барселона и дали е тим кој според многумина го игра најдобриот фудбал во светот.

Клубот од Ноу Камп досега не бил на ваков голем испит како што се сега, а тоа е негативата од 2-0 по првиот дуел со Милан.

Судејќи по изјавите, Андрес Иниеста е најголем оптимист во составот на домаќините затоа што вели дека „раката би ја ставил во оган дека тие ќе одат понатаму“ и дека е апосолутно сигурен дека неговата екипа ќе направи пресврт.

Тимот на Барса го потресоа неодамнешните порази од Милан и на двапати од Реал во купот и првенството. Светските медиуми се сложни дека отсуството на првиот тренер е најголемата причина за лошите партии. По заминувањето на Тито Виланова на лекување во Њујорк, тимот го води неговиот помошник,  Жорди Роура, но според сите голем клуб неможе да се води преку телефон.

Иако тренерот на Барса стравува од напад по првиот свиреж на судијата, сепак се очекува домќините да тргнат со пресинг уште од самиот старт и да постигнат гол што е можно побрзо. Но во овој случај домаќините ќе мораат да подготват одговор и за контранападите на гостите.

Милан од друга страна доаѓа во добра форма, затоа што незнае за пораз во оваа година. Од „росонерите“ се очекува одбранбена игра и чекање на грешка на играчите на Барселона. Тренерот на италијаните, Масимилјано Алегри нема да може да смета на повредениот Пацини и на Балотели кој нема право на настап во ЛШ, додека во составот ќе ги има Боатенг и Мексес.

Во вториот дуел денеска Шалке ќе се обиде да го продолжи серијата на добри резултати на домашен терен и да го победи незгодниот Галатасарај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП