14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички исфрлен во втора лига

Работнички исфрлен во втора лига

rabotnicki-vtoroligas

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, исфрлен е од супелигата поради два порази со службен резултат, одлучи во вторникот Комисијата за натпреварување.

Работнички изминатата сабота одби да настапи против Карпош Соколи, по што мечот беше решен со 20-0 за „соколите“, а преходно Работнички на зелена маса загуби од МЗТ Скопје.

Поради фактот што веќе се одиграни повеќе од половина од натпреварите во кошаркарската елита, сите преостанати суперлигашки средби на 14-кратниот шампион ќе бидат регистрирани со службена победа на противниците.

И Куманово не излезе на терен против Карпош Соколи и против Кожув, но кумановци уште се со суперлигашки статус, со оглед на фактот што тече жалбената процедура поврзана со нивниот прв ваков потег, неизлегување на паркетот на дуелот со Соколи.

Поради новонастанатата ситуација, комисијата за натпреварување го одложи 3. коло, кое требаше да се одигра во среда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП