10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОPepsi го презема спонзорството за NBA

Pepsi го презема спонзорството за NBA

nba pepsi

Компанијата за производство на безалколни пијалоци PepsiCo ги презема спонзорските права за најдобрата кошаркарска лига на светот NBA, со што заврши 28-годишното партнерство на американската кошаркарска лига со Coca-Cola.

Од наредната сезона, PepsiCo ќе биде официјален партнер за храна и пијалоци на NBA, женската NBA лига, NBA Development лига и здружението USA Basketball, објавија во заедничко соопштение компанијата и NBA. Финансиските услови на договорот не се објавени.

Coca-Cola беше официјален спонзор на NBA од 1986 година, а Sprite беше официјален пијалок на лигата од 1994 година.

„Донесовме одлука да не го објавиме глобалниот договор со NBA на крајот на сезоната 2014/15.“, соопшти портпаролката на Coca-Cola, додавајќи дека и натаму ќе ги продолжат односите со одделни тимови, играчи и натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП