10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТенисерките со победа стартуваа на ФЕД турнирот

Тенисерките со победа стартуваа на ФЕД турнирот

fed kup22

Македонската женска репрезентација во тенис денеска го започна учеството на турнирот од третата Евроафриканска група во ФЕД купот, кој се одржува во Улцињ. Во Групата 4 противнички на македонските тенисерки се репрезентативките на Молдавија, Намибија и Мозамбик.

Македонија на турнирот стартуваше со две максимални победи против Намибија. Магдалена Стоилковска со 6:4, 6:4 славеше против Керстин Грисман, додека Лина Ѓорчевска ја совлада Лесиди Шеја Јакобс со 7:6, 6:0.

Македонската женска репрезентација во тенис по пауза од 14 години повторно учествува на натпреварите во ФЕД купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП