17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗголемен наградниот фонд на Ролан Гарос

Зголемен наградниот фонд на Ролан Гарос

roland_garros_1

Наградниот фонд на Ролан Гарос е зголемен за три милионa евра во однос на 2014-та година, и тој оваа година изнесува 28 милиони евра.

Победниците во сингл, во машка и во женска конкуренција, ќе добијат по 1,8 милиони евра, што е за 150.000 евра повеќе од минатата година. Финалистите ќе заработат по 900.000 евра, што е за 75.000 евра повеќе од лани.

Директорот на Ролан Гарос, Жилбер Исерн, рече дека зголемувањето на наградниот фонд е дел од четиригодишниот план, односно периодот од 2013-та до 2016-та година.

Вториот тениски Грен слем во сезоната ќе стартува на 24-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП