18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото Audi A4 - еволуција, но и многу иновации

Новото Audi A4 – еволуција, но и многу иновации

cetvorka a

„Audi“ до крајот на годината ќе ја претстави новата генерација на бестселерот „A4“. За изданието „Autoexpress“ шефот на техничкиот департментот на брендот Улрих Хакенберг откри дека конструкторите на автомобилот тргнале по патот на еволуцијата при разработката на машината, но сепак нејзините сопственици ќе имаат на располагање многу иновации.

Како сегашната генерација (на сликите), така и новата „А4“ ќе треба да се борат со својот главен конкурент – „BMW 3-Series“. Затоа и инженерите на „Audi“ посветиле главно внимание на возноста на седанот. Управувањето е преработено за да обезбеди добар фидбек со возачот.

cetvorka a1

Во основата на идната генерација на „Audi A4“ е платформата „MLB“, која е користена и за новиот „Audi Q7“, но сега е преработена и е со компактни димензии. Ова ќе му овозможи на автомобилот да намали 100 килограми, што во комбинација со повеќе точки, суспензија и опционалните индивидуализирани амортизери значително ќе ги подобри условите на машината.

Како и обично, седанот ќе се нуди со голем избор на мотори – бензински и дизел, со зафатнина меѓу 1,4 и 3,0 литри. Во план е и хибридна верзија – „A4 e-tron“, која само на електрична енергија ќе може да мине 55 км. Покрај тоа, новата генерација на моделот ќе располага и со автопилот, кој ќе може да запира и забрзува, како и да ја промени насоката на движењето при брзина до 64 км/ч.

cetvorka a2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП