ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Будуќност

Вардарки во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Будуќност

zeni ls111

Македонскиот првак ЖРК Вардар ќе игра против Будуќност во полуфиналето од фајналфор-турнирот во Будимпешта, реши денешната ждрепка. Во реприза на ланската година двете екипи одиграа крајно изедначено и драматично полуфинале, вардарки се надеваат дека овој пат тие ќе се пласираат на финалната средба.

Ова ќе биде веќе трета средба меѓу екипите предводени од Индира Кастратовиќ и од Драган Аџиќ, бидејќи беа заедно и во првата групна фаза. Тогаш Будуќност славеше во Подгорица со 23-17, а во Скопје мечот заврши без победник, 24-24. Будуќност двапати во последните три сезони играше финале во ЛШ, а во 2012-та стана европски првак.

Во второто полуфинале играат Ларвик и Динамо-Синара. Фајналфорот во Лигата на шампионите е закажано од 9-ти и 10-ти мај, во салата „Ласло Пап“ во Будимпешта, во отсуство на актуелниот шампион и несудениот домаќин, Ѓер.

zeni ls22

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП