3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрогба ќе игра и во наредната сезона

Дрогба ќе игра и во наредната сезона

Drogba (1)

Фудбалерот на Челзи, Дидие Дрогба, за Sky Sports, изјавил дека не планира да ја заврши кариерата.

Дрогба минатото лето се врати во Челзи потпишувајќи едногодишен договор, но од клубот не добил понуда за продолжување на соработката, по што англиските медиуми започнаа да шпекулираат дека тој по завршувањето на сезоната ќе стави крај на својата кариера.

„Решив дека ова нема да биде мојата последна сезона. Тешко е кога не играш редовно, но јас секогаш давам сè од себе. Ќе бидам тука до крајот на сезоната, а потоа ќе решам каде ќе ја продолжам кариерата“, рекол Дрогба.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слонова коска во периодот од 2004 до 2012 година го носеше дресот на Челзи постигнувајкќи 100 гола на 226 натпревари, тој беше клучниот играч во финалето на Лигата на шмпионите во 2012 година кога ’сините’ ја освоија титулата.

Во тековната сезона Дрогба има одиграно 18 натпревари на кои постигнал три гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП