26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрезентирана туристичката понуда на Охрид и Македонија на саемот во Берлин

Презентирана туристичката понуда на Охрид и Македонија на саемот во Берлин

ohrid

Туристичката понуда на Охрид и на Македонија беа презентирани на туристичкиот саем во Берлин.

Потврда на угледот на саемската манифестација, што се одржа од 6 до 10 март, и што важи за една од водечките во светски рамки, е податокот дека оваа година манифестацијата ја посетиле над 200 илјади посетители, а своите потенцијали во областа на туризмот ги претставиле повеќе од десет илјади излагачи од целиот свет.

Општина Охрид во соработка со Агенцијата за промоција на туризмот, на својот штанд, покрај своите автентични вредности, заедно со повеќе балкански тур-оператори и партнери, промовираше регионален пристап во привлекувањето на потенцијалните гости. Охрид со својата понуда се најде на повеќето туристички мапи кои промовираат културен, религиски и еко-туризам.

Покрај големата посетеност и остварени бројни контакти, Охрид и Македонија најдоа посебно место во германскте медиуми, а беше реализирана и кратка телевизиска сторија за продукциската куќа „ФМ Медиа“. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП