18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако се надева на изненадување во Торино

Монако се надева на изненадување во Торино

monako vs juve

Јувентус и Монако денеска ќе го одиграат првиот од двата предвидени четвртфинални мечеви во Лигата на шампионите. Двата тима по една деценија повторно играат значајна улога на европската сцена, Монако последен пат го минал четвртфиналето во сезоната 2003/2004, додека Јуве тоа го сторил во сезоната 2004/2005.

Јувентус во дуелот со францускиот претставник влегува по поразот од Парма (1:0) во Серија А. Сепак, поразот сигурно не влијаел врз фудбалерите на „старата дама“, бидејќи имаат комотна предност пред конкурентите во борбата за титулата во Италија.

Монако, од друга страна, во Торино ќе допатува со серија од осум натпревари во кои немаат пораз, а во последното коло во Франција тимот од кнежевстото славеше над Каен со 3:0.

Монако во претходната рунда приреди вистинска сензација со елиминацијата на Арсенал, а во тимот се надеваат дека можат да приредат уште едно чудо.

„Јуве е сјајен тим составен од импресивни фудбалери, тоа е добро организирана компактна група. Тие се фаворити, но против нас и Арсенал беше фаворит во осминафиналето. Нема да биде лесно, но ќе дадеме 200 отсто од силите за да избориме пласман во полуфиналето“, изјави играчот на Монако, Жоао Мутињо.

Инаку Монако никогаш во својата историја не победил во Италија, додека Јувентус во сите 10 одиграни натпревари во нокаут фазата славел кога играл против екипи од Франција.

Тренерот на Монако нема проблеми со составувањето на тимот, додека кај Јувентус поради повреди ќе отсуствуваат Андреа Пирло, Пол Погба и Мартин Касерес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП