Актуелниот светски шампион во Формила 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес оствари најдобар резултат на квалификациите и на трката во недела за Големата награда на Кина во Шангај, ќе стартува од челната позиција.

Ова е трета последователна „пол позиција“ за Хамилтон во оваа сезона, трета последователна во Кина и вкупно 41-ва во кариерата.
Второто место во квалификациите го избори неговиот клупски колега Германецот Нико Розберг. Од вториот ред трката ќе ја започнат Германецот Себастијан Фетел од Ферари и Бразилецот Фелипе Маса од Вилијамс-Мерцедес, а од третиот Финците Валтер Ботас кој вози за Вилијамс и Кими Раиконен од екипата на Ферари.
По првите три трки сезонава, Хамилтон е во водство со 43 бодови, Фетел е втор со три бода помалку, а на третото место е Розберг со 33 бодови.