10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Марија – од 20 топки до 80 милиони евра (видео)

Ди Марија – од 20 топки до 80 милиони евра (видео)

di ma

Иако Манчестер Јунајтед минатото лето за него исплати 80 милиони евра, првиот трансфер на аргентинскиот фудбалски репрезентативец Анхел Ди Марија чинел и буквално само дваесет фудбалски топки.

Ди Марија фудбал почнал да игра во екипата на Торито, мал локален клуб од аргентинскиот град Розарио, каде што е роден и Лионел Меси. „Имаше седум години, кога луѓето од Розарио Сентрал дојдоа по Ди Марија, и го продадовме за 20 топки“, вели во репортажата на AFP Марсело Павон, тренер на Торито.

Тренирањето во клубот Розарио Сентрал значело и дека детето треба да патува секој ден по десет километри, а честопати на тренинзите го носела неговата мајка возејќи го на велосипед. За овој аргентински прволигаш играл до својата 19-те година, а потоа во 2007-ма година за сума од пет милиони евра мина во португалска Бенфика.

di ma3

Дресот на клубот од Лисабон го носеше три сезони, а во 2010-та година мина во Реал Мадрид, кој за него плати 25 милиони евра. Од редовите на мадридските „кралеви“ во летото 2014-та година се пресели во Манчестер Јунајтед со трансфер кој изнесуваше 80 милиони евра. Така за неполни две децении, цената на Ди Марија од 20 топки стигна до 80 милиони евра.

Иако Меси е најпопуларниот фудбалер на светот, во Разарио во квартот Унион, Ди Марија има повеќе обожаватели. Тоа е очигледно по дресовите што ги носат локалните момчиња, но и од графитите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП