17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДирк Кајт се врати во Фејнорд

Дирк Кајт се врати во Фејнорд

Image (6)

Холандскиот играч за врска, 34 годишниот Дирк Кајт го напушта турскиот клуб Фенербахче и следната сезона ќе игра за Фејнорд, објави во петок прволигашот од Ротердам.

„Дојде време да се вратам во Фејнорд. Сè уште имам мотиви за постигање на големи резултати и се надевам дека кариерата ќе ја завршам на Де Куип“, рече Кајт, кој во Фејнорд играше три сезони(2003-2006).

Откако си замина од Ливерпул, од 2012 година го носеше дресот на Фенербахче.

За Холандија има одиграно 104 натпревари и има постигнато 24 голови, а по освојувањето на третото место на минатогодишното СП во Бразил, се прости од репрезентацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП