Лондонски Челзи сака во летниот преоден рок да го доведе 22-годишниот јапонски напаѓач Јошинори Муто, кој игра за ФК Токио, објави овој јапонски прволигаш.
Јошинори Муто, кој пред две седмици дипломираше економија на познатиот универзитет Кеио, минатата сезона беше најдобар стрелец на клубот со 13 голови, а во четирите кола од сегашната сезона постигна веќе три погодока. За репрезентацијата на Јапонија забележа 11 настапи и постигна еден гол.
Челзи, инаку, неодамна го склучи најголемиот спонзорски договор во својата историја, и тоа со јапонската компанија „Yokohama“ којашто се занимава со производство на автомобилски гуми.