Ракометарките на Вардар отпатуваа во четвртокот за Ѓер, на четвртфиналниот реванш од Лигата на шампионите, во кој македонската екипа влегува со предност од 24:18.
Тимот е подготвен и едвај чека да истрча на паркетот во Ѓер и да покаже дека заслужува влез меѓу најдобрите четири екипи во Европа, се вели во соопштението објавено на сајтот на ЖРК Вардар.
Планирани се два тренинга во Ѓер, едниот вечерва во 19 часот, вториот утре во 17 часот. Мечот се игра в сабота во 16.30 часот.
Сите навивачи на Вардар и љубители на ракометот, мечот меѓу Ѓер и Вардар ќе можат да го проследат групно, на видеобим пред СЦ „Јане Сандански“ .