
Ракометарите на Вардар во сабота во 19 часот го пречекува Кјелце во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, во обид да изборат пласман на Ф4 во ЛШ.


Ракометарите на Вардар во сабота во 19 часот го пречекува Кјелце во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, во обид да изборат пласман на Ф4 во ЛШ.
Екипата е подготвена за најзначајниот натпревар на Вардар оваа сезона, а ракометарите кои имаа мали повреди веќе работат максимално.
„Го играме најважниот натпревар од сезоната. Сакаме да играме на Ф4 турнирот во Келн, но ќе биде многу тешко затоа што Кјелце е голeмa екипа, екипа која е на нивoто на Барелона, Веспрем и Кил. Добро е тоа што имавме време да тренираме и да се подготвиме, но ова е само прв натпревар, 60 минути кои се играат во Скопје, второто полувреме е во Полска. Мора да играме максимално концентрирано цел натпревар, знаеме дека атмосферата во Скопје е извонредна, тоа го видовме против Висла, но останува и втор меч во Кјелце“, изјави Раул Гонзалес на денешната прес-конференција.
„Помалку или повеќе сите се подготвени, имавме една недела да се одмориме, сите тренираат, добро е што и Чипурин се враќа и мислам дека до задутре сите ќе бидат подготвени“, додаде Раул.
Капитенот Филип Лазаров вели дека ќе биде тешко и за да го поминеме Кјелце потребно е не само да ги повториме најдобрите мечеви од оваа сезона, туку и да одиграме најдобар меч досега.
„Пред почетокот на сезоната си поставивме цел да се пласираме на тој ф4, иако знаеме дека тоа е многу тешко, стигнавме до последниот чекор, а тој секогаш е најтежок. За екипата на Кјелце не треба да се трошат зборови колку е квалитетна. Меѓутоа ние се трудиме да се концентрираме на нашата игра и да се обидеме да повториме една од неколкуте одлични партии оваа година, а уште подобро ќе биде ако можеме да ја одиграме и најдобрата партија досега, затоа што ова е најважниот меч оваа сезона“, рече Лазаров.