3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија се искачи на 105-то место на листата на ФИФА

Македонија се искачи на 105-то место на листата на ФИФА

mkd avstralija

Фудбаласката репрезентација на Македонија благо напредуваше на најновата ранг листата на ФИФА, искачувајќи се на 105-то место и покрај тоа што не победи во двата натпревара одиграни во март.

На претходната ранг листа Македонија беше на 108-мо место. Македонија во овој период одигра два натпревара на домашен терен, при што во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2016-та, претрпе пораз од Белорусија (1:2), додека во пријателскиот натпревар против Австралија одигра нерешено (0:0).

Триумфот во Скопје на Белорусија и донесе скок од дури 15 позиции, на 83-то место, Шпанија се врати меѓу првите 10 на светот, Словачка е на 20-та позиција, Украина се наоѓа на 33-то место, додека Луксембург е рангиран како 137-ма селекција на светот.

Меѓу првите десет, сигурен лидер и натаму е Германија, а потоа следат репрезентациите на Аргентина, Белгија, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП