3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус се сети повторно за Ван Перси

Јувентус се сети повторно за Ван Перси

Robin-van-Persie-5

Италијанскиот шампион Јувентус ќе се обиде да го привлече напаѓачот на Манчестер Јунајтед Робин ван Перси во летниот трансфер прозорец.

Холандскиот голгетер беше на прагот да го облече дресот на „старата дама“ пред три години, но тогаш претпочита да остане во Премиер лигата и премина на „Олд Трафорд“ од Арсенал.

Во последно време тој се мачи со повреди и го загуби местото во составот на Луис ван Гал. Освен тоа неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува во јуни 2016-та година, што неговото заминување во текот на летото е се пореално.

Според неколку англиски медиуми, 32-годишниот напаѓач е заинтригирани од интересот на неколку италијански клубови. Покрај Јуве, Интер и Лацио исто така го следат Ван Перси.

Проблем сепак е високата плата на напаѓачот – 8 милиони фунти по сезона. Ниту еден од трите клуба не може да си ја дозволи, што значи дека фудбалерот ќе треба да ја намали значително, ако сака да заигра во Серија А.

Јуве, Интер и Лацио итно бараат нов напаѓач. „Бјанконерите“ сакаат да ја зголемат напаѓачката моќ, а Фернандо Љоретне е пред заминување. Не е исклучено по крајот на сезоната ѕвездата Карлос Тевез да се врати во Бока Јуниор.

Меѓу опциите за „црно-белите“ се уште Единсон Кавани (ПСЖ), Радамел Фалкао (Манчестер Јунајтед) и Паоло Дибала (Палермо).

„Нероазурите“ пак се насочени кон Един Џеко и Стеван Јоветиќ од Манчестер Сити, додека „орлите“ бараат заменик на Мирослав Клосе и пројавуваат интерес уште кон Грациано Пеле од Саутемптон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП