2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА: Хрватска-Италија без публика

УЕФА: Хрватска-Италија без публика

Croatia v Norway in Zagreb

Квалификацискиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Хрватска и Италија, кој е закажан за 12.јуни, ќе се игра без публика, објави УЕФА.

Дисциплинската комисија на УЕФА на својата интернет страница како образложение наведе дека причина за ваквата одлука е фрлањето на пиротехника и расистичкото однесување на навивачите на натпреварот помеѓу Хрватска и Норвешка.

Конкретно се работи за скандирањето „За дом спремни“ и за фрлање на петарди на натпреварот на кој Хрватска победи со 5:1.

Според УЕФА биле прекршени членовите 14 и 16 од Дисциплинскиот правилник, а покрај затворањето на стадионот за мечот со Италија, Хрватскиот фудбалски сојуз е казнет и парично со 50.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП