
Менаџерот на македонскиот интернационалец, Перо Антиќ, Мишко Ражњатовиќ се огласи на својот твитер профил во врска со неговото приведување.


Менаџерот на македонскиот интернационалец, Перо Антиќ, Мишко Ражњатовиќ се огласи на својот твитер профил во врска со неговото приведување.
Вели дека нема потреба од загриженост и дека сè е во ред со Антиќ.
„Нема причини за загриженост. Сè е во ред со Перо Антиќ! Тој само се најде на погрешно место во погрешно време!”, напиша Ражњатовиќ.
Антиќ и неговиот соиграч Сефолоша беа уапсени во Њујорк поради попречување на работата на полицијата на местото на инцидентот во кој кошаркарот на Индијана пејсерс, Крис Коупленд беше избоден со нож.