6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ја следи Барса на минус четири

Реал ја следи Барса на минус четири

barsa-suares

Мадридски Реал во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на домаќинот Рајо Ваљекано и да слави со 2-0 (0-0), со што повторно се доближи на заостаток од четири бода зад водечката Барселона којашто час претходно на домашен терен славеше против Алмерија со 4-0.

Реал го „кршеше“ домаќинот до средината на второто полувреме, коа Кристиано Роналдо во 68-та минута постигна гол со глава, а победата ја потврди пет минути подоцна Хамес Родригез.

На својот „Ноу Камп“ Барселона не дозволи никакви изненадувања и рутински со 4-0 ја совлада Алмерија. Гостите ги начна Лионел Меси во 33-та минута, а во второто полувреме супериорноста на Каталонците ја потврдија Луис Суарез со погодоците во 55-та и третата минута од продолжувањето, и Бартра во 75-та минута.

Претходно во средата исто така во меч од 30-то коло на шпанската Примера, Атлетико Мадрид на својот стадион „Винсенте Калдерон“ рутински го совлада Реал Сосиедат со 2-0. Микел Гозналес со автогол уште во втората минута од натпреварот им донесе водство на домашните, а веќе во 10-та минута Антоан Гризман зголеми на конечните 2-0.

Барселона е на врвот од табелата со 74 бодови, додека Реал Мадрид ја следи со 70, а Атлетико Мадрид остана на третата позиција со 65 бодови.

Колото во четврток го затвораат мечевите Атлетик Билбао – Валенсија, Елче 0 Хетафе и Виљареал – Еспањол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП