18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција: ПСЖ и Оксер во финалето на Купот

Франција: ПСЖ и Оксер во финалето на Купот

download

Фудбалерите на Пари Сен Жермен му се придружија на Оксер во финалето на францускиот Куп, откако во полуфиналето на својот „Парк на принцовите“ убедливо го совладаа Сен-Етјен со 4-1 (1-1).

Ибрахимовиќ беше трократен стрелец за парижаните, во 21-та минута од пенал, во 81-та и во втората минута од судиското продолжение, а гол за ПСЖ придодаде Лавеци во 60-та минута. Гостите од Сен-Етјен успеаја само да изедначат преку Хамума во 25-та минута.

Оксер, кој оваа сезона се натпреварува во втората француска лига, пласманот го избори во вторникот со минималната победа од 1-0 против Гингамп, а голот го постигна Самаритано во 16-та минута.

Финалето на францускиот фудбалски Куп ќе се одигра на 30-ти мај на „Стад д’ Франс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП