18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПреполовениот Баерн го исфрли Баер од Купот

Преполовениот Баерн го исфрли Баер од Купот

Thiago Alcântara

Некомплетниот тим на Баерн Минхен се пласираше во полуфиналето од германскиот Куп, откако по тешкиот гостински натпревар со подобро изведување на ударите од белата точка го елиминираше Баер Леверкузен.

По 120 минути игра на „БаерАрена“ и нереализирањето на неколку добри шанси на двете страни, победникот беше одлучен со изведување на пенали. Притоа сите играчи на Баерн беа прецизни, а најдобриот голман на светот за изминатата година Мануел Ноер, успеа да го одбрани ударот од 11 метри на Јосип Дрмиќ во првата серија.

Во средата во полуфиналето изненадувачки се пласираше и третолигашот Арминија од Билефилд која на својот теренот, исто така, со подобро изведување на пеналите ја елиминираше Борусија Менхенгладбах. По 120 минути игра беше 1-1, откако домашните поведоа во 26-та минута преку Јунглас, а од белата точка изедначи Крузе. Во пенал серијата играчите на Арменија беа подобри со 5-4.

Претходно во вторникот во полуфиналето се пласираа Борусија Дортмунд и Волфсбург. Борусија по продолжувањата славеше против Фрајбург со 3-2, во меч со многу динамика и неизвесност. Борусија поведе со голот на Невен Суботиќ во 19-та минута, но гостите за само девет минути направија пресврт преку Кевин Воланд во 21 и Роберто Фирмино во 28 минута. Домашните изедначија во 57-та минута, а ерупцијата од одушевување на 80-те илјади навивачи на Борусија ја предизвика голот на ветеранот Себастјан Кахл во 107-та минута.

Волфсбург го совлада Фрајбург со 1-0, со голот на Рикардо Родригез од пенал во 72-та минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП