13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул во полуфиналето на ФА Купот

Ливерпул во полуфиналето на ФА Купот

2015-04-08t202006z_71526006_mt1aci13639815_rtrmadp_3_football

Фудбалерите на Ливерпул се последните полуфиналисти во годинашната серија на најстарото фудбалско натпреварување на светот, англискиот ФА Куп, откако во повторениот меч во четвртфиналето како гости го совладаа второлигашот Блекбурн Роверс со 1-0 (0-0).

Стрелец на победничкиот гол на „Идвуд Парк“ за ливерпулските „редси“ беше Филипе Коутињо во 70-та минута.

Ливерпул во полуфиналето на 19-ти април на „Вембли“ ќе игра против Астон Вила, додека ден порано на истиот лондонски храм на фудбалот ќе се сретнат Арсенал и второлигашот Рединг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП