8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио против Јуве во фудбалскиот Куп на Италија

Лацио против Јуве во фудбалскиот Куп на Италија

27618DC600000578-3030945-image-a-21_1428525789469

Фудбалерите на Лацио ќе играат во финалето на годинешниот италијански Куп против Јувентус, откако во возвратниот полуфинален двобој како гости со 1-0 (0-0) го совладаа минатогодишниот победник, што по резултатот од 1-1 од првата средба во Рим им беше доволно да одат натаму.

Стрелецот на голот во средата кој го однесе Лацио во финалниот дуел беше Сенад Лулиќ во 79-та минута.

Јувентус пласманот во финалето го избори во вторникот, откако, исто така, на гости ја совлада Фиорентина со 3-0 со што го надомести заостанувањето по поразот од 1-2 од претходниот меч во Торино. Стрелци беа Алесандро Матри во 21, Роберто Перејра во 33 и Леонардо Бонучи во 59-та минута.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 7-ми јуни на Олимпискиот стадион во Рим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП